Кевин Дурант се враќа на паркетот?

Кевин Дурант би можел многу порано од прогнозите да се врати на паркетот.

Според најновите информации, Дурант би можел да заигра пред крајот на оваа недела.

Неговата рехабилитација тече одлично, а неговата повреда на коленото претставува се помал проблем.

Во Голден Стејт планираат Дурант да се приклучи на тимот на 8 април кога тие ќе играат против Њу Орлеанс.

Ова би бил голем плус за нив на патот кон титулата во НБА.