Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Лукас Подолски се подготвува да замине од Галатасарај и да ја продолжи својата кариера во Кина.
Турскиот клуб вчера одржа конференција на која директорот на Галата, Левент Назифоглу потврди дека играчот заминува од тимот.
Веќе некое време се шпекулира дека играчот ќе замине во Кина, а сега тие информации се потврдени.
„Трансферот на Лукас во Пекинг се во завршна фаза. Играчот побара да го пуштиме и ние тоа ќе го направиме. Сепак, одлучивме дека се мора да биде завршено до крајот на наредната недела.“
Подолски кариерата ја започна во Келн, а потоа премина во Баерн. Германецот го носеше и дресот на Арсенал 3 сезони, но во 2015-та година од Интер ја продолжи кариерата во Галата.
Тој за Германија одигра 129 натпревари и постигна 48 голови.