„Клучна работа за Монако е да бидат луди“

Некогашниот фудбалер на Монако Лудовик Жили смета дека фудбалерот на овој тим во двомечот против Јувентус мораат да бидат луди.

Вечерва се игра вториот полуфинален меч од Лигата на шампионите, а во Кнежевството ќе се сретнат домаќинот Монако и Старата дама од Торино.

Некогашниот фудбалер на Монако, Жили, смета дека денешната генерација на овој клуб е подобра отколку што беше неговата од 2004 година, кога играа големо финале против Порто.

„Монако е во слична ситуација како во 2004 година. Изгубивме во финалето на Лигата на шампионите, но изгубивме и во Лига 1 бидејќи бевме уморни. Сепак, овој Монако е поталентиран од нас. Имаат многу квалитетни фудбалери и шанса да направат нешто одлично. Клучна работа е да бидат луди. Не смеат да мислат за тоа дека играат против големиот Јувентус, туку само за тоа да победат и да се забавуваат. Тоа беше клучна работа против Манчестер Сити и Дортмунд. Мораат да го задржат тој менталитет“, рече Жили.