Ковач откри дали Левандовски ќе замине во Реал Мадрид

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, денеска соопшти дека  Роберт Левандовски нема да го напушти клубот.

Новиот тренер на баварците смета дека Левандовски му е потребен во тимот и во наредната сезона, па залудно се надевале во Реал Мадрид дека ќе го ангажираат Полјакот.

„Јасно е дека Роберт нема да го напушти клубот, зашто ни е потребен и сигурно немаме намера да го продадеме или да го пуштиме да си замине. Сакам многу успеси да постигнам со него. Тој е одличен фудбалер и постигна многу голови во Бундеслигата“, вели Ковач.

Левандовски во сите натпреварувања постигна 151 гол на 195 натпревари.