Кога цел свет ќе ви се урне врз глава – Големи психички проблеми за ѕвездата


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


На Аргентинецот му почина братот, а потоа и неговото куче. Ривер Плејт се обидува да му помогне и да го врати во форма.

„Тој е во тешка емотивна криза. Многу е вознемирен поради смртта на братот и кучето.“

Ерик Ламела се наоѓа во тешка психичка криза. Тој има големи проблеми, прво повредата на колкот, потоа му почина братот и на крајот му почина и кутрето.

Ламела моментално е во Рим, каде неодамна му беше извршена уште една интервенција на колкот.

Ривер Плејт веќе започнал преговори за враќање во тимот, а тоа сака да го направи за да му помогнат да се врати во форма.

Ламела, кој во март полни 25 години никако не успева да се врати во форба откако пред неколку сезони играше неверојатно за Ривер.