„Кога ќе го напуштиш Јувентус, тогаш сфаќаш што имаш!“

Напаѓачот на Тотенхем, Фернандо Лоренте во разговори за „Тутоспорт“ се наврати на своето време кога го носеше дресот на „бјанконерите“.

„Син ми има дваесет месеци и само топка го интересира. Секогаш е во дресот на Тотенхем, а сега ќе ја искористиме шансата, па во Торино ќе му купам еден дрес од Дибала“

„Во Торино доживеав неверојатни моменти. Вистина е тоа што го кажа Трезеге, кој кажа дека кога ќе го напуштит Јувентус, тогаш ќе сфатиш што си имал во животот. Лудо ми недостига и би сакал да се вратам во клубот“

„Подготвен сум да се соочам со Кјелини и да примам неколку удари. Навикнав на тоа затоа што тој тренира, баш така како што игра. Буфон е најдобриот капитен кој сум го имал, неодамна разговаравме и ми кажа дека може да игра уште пет години“, вели тој.