Конечно малку добри вести во врска со несреќата на Чапекоенсе!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Алан Рушел беше еден од ретките фудбалери на Чапекоенсе кој успеа да ја преживее авионската несреќа која се случи на почетокот на неделата во Колумбија.

Рушел беше извлечен од под остатоците на авионот по половина час по падот.

Неговите повреди беа опасни по животот, но лекарите мораа да го стават на апарати кои го одржуваа во живот. Сепак, добри вести ни стигнуваат ова утро од Бразил, бидејќи Рушел е исклучен од апарати, па сега самостојно дише.

„Среќна сум што мојот син оздравува. Се разбуди и ме праша кога ќе си одиме дома. Му реков дека доживеал несреќа, односно дека Нето и Фолман се во болница и се добро. Не е подготвен сеуште да му ја кажам вистината.“