Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според медиумите во Англија, Абрамович се сложил со Конте дека треба да се засили тимот за наредната сезона и ќе одвои 200 милиони евра за нови играчи во следниот преоден рок.
Дека Челси ќе располага со многу повеќе ова лето, зборуваат и заминувањата на играчите, пред се на Коста во Кина.
Сепак, Абрамович мора прво да се позанимава со Конте, на кој му завршува договоро, а кој го сака Интер по секоја цена. Конте сигурно ќе стане најплатен тренер во ПЛ доколку се договори со управата на Челси, а нема сомнеж дека тој е најсилното засилување за тимот.
Кога станува збор за играчи, Конте сака да најде змаена за Коста и да го засили нападот, а како потенцијални засилувања се гледаат Мората, Лукаку, Белоти или Муса Дембеле. Било кој од овие играчи би ги чинело исто или повеќе од тоа што ќе заработи Челси на Коста со неговиот трансфер.
Покрај нападот, приоритет на Конте ќе биде и одбраната, а како потенцијални засилувања се споменуваат Ван Дајк, Кулибали, Манолас и Рудигер.
Можни се засилувања и на голманската позиција, но сеуште нема посебен интерес за некој голман.