Кошаркар тргна да удри „банана“, а на крајот се нокаутираше во табла (ВИДЕО)

Една снимка од третата американска лига утрово стана хит на социјалните мрежи, откако во салата во Рок Ајленд се играше дерби меѓу локалните колеџи Аугустан и Норт Сентрал.

Во еден момент домаќините тргнаа во контранапад и немаше да има ништо чудно, доколку гостинскиот кошаркар Мередит Блејси, во обид да го запре противникот ја удри главата во таблата.