Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Арсенал, Венгер изјави дека е нормално најголемата одговорност да ја носи тој, па дека поразот од Баерн не ја одредува неговата целосна работа.
Арсенал во двата натпревари беше поразен со вкупен резултат од 10:2. Убедливиот пораз предизвика голем број коментари за Венгер, а тој навести дека неговиот тим може да игра уште подобро.
„Се чувствувам силно, мотивирано и подготвен сум да дадам се од себе. На пример Енрике може да видиме што прави. Пред две недели го сметаа за идиот и сакаа да замине, а денес го сметаат за херој.“
Венгер се обиде да ја спореди ситуацијата со колегата од Каталонија поради притисокот кој се врши на него.
Сепак, за разлика од Барселона која успеа да се врати со победа од 6:1, приказната на Арсенал немаше среќен крај.