Кристијано Роналдо покажа кој владее во Мадрид – Реал го декласираше Атлетико!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес се одигра првиот ½-финален натпревар помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Првото возбудување на натпреварот го имаше кога Карвахал доби одлична топка во шеснаесетникот и испрати удар ниско по средината на голот, но Облак успеа да одбрани.

Во 10-та минута Роналдо успеа да постигне гол со глава по средината на голот и да го донесе Реал во водство.

Како поминуваше времето, така се повеќе шанси имаше Реал Мадрид, прво Модриќ од работ на шеснаесетникот, но беше непрецизен, а потоа и Бензема промаши голема шанса.

Првата закана на натпреварот Атлетико ја имаше во 32-та минута кога Годин пропушти неверојатна шанса од слободен удар.

До крајот на полувремето немаше посериозни шанси, но Карвахал и Касемиро се пожалија на повреди.

Во вториот дел од натпреварот немаше посериозни шанси кон ниту еден од головите, барем до 73-та минута Роналдо погоди за зголемување на 2:0, а до крајот на натпреварот во 86-та минута на асистенција на Лукас, Роналдо ги постави конечните 3:0.