Лајпциг создава тим за Европа, ове кој е прва мета

epa05756899 General view of the Red Bull Arena before the German Bundesliga soccer match between RB Leipzig and TSG 1899 Hoffenheim in Leipzig, Germany, 28 January 2017. EPA/FELIPE TRUEBA (EMBARGO CONDITIONS - ATTENTION: Due to the accreditation guidlines, the DFL only permits the publication and utilisation of up to 15 pictures per match on the internet and in online media during the match.)

Потврдено и од страна на тренерот на Лајпциг, сака во својот тим да го види одличниот фудбалер на Евертон.

Серж Гнабри процвета во оваа сезона.

21-годишниот играч за врска игра одлично откако го напушти Арсенал и се пресели во Вердер од Бремен, екипа која се распаѓа во овој момент во германскиот шампионат.

Гнабри забележа 10 голови, како и 2 асистенции, на 24 меча во оваа сезона во Бундеслигата, а успеа да забележи и прв настап за репрезентацијата на Германија во овој период.

„Тој е играч кој ќе се вклопи сигурно во нашиот систем. Многу е брз и еден од најголемите потенцијали на германскиот фудбал“, рече Ралф Хаселхулт, тренер на Лајпциг.

Останува да видиме за колку може да премине во Лајпциг и дали воопшто ја има таа намера Серж Гнабри.