Лестер со победа во првиот натпревар по трагичната смрт на нивниот сопственик


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Во 16 часот беа одиграни уште четири натпревари од саботниот дел од 11. коло во Премиер Лигата.

Без поголеми дерби пресметки, вниманието беше насочено кон Кардиф каде гостуваше Лестер, за прв пат по трагедијата во која загина нивниот сопственик, Вичаи Шриваданапраба.

„Лисиците“ стигнаа до победа со голот на младиот Демараи Греј кој ја искористи асистенцијата на Бен Чилвел во 55 минута.

Евертон со 3:1 го совлада Брајтон, а одличен натпревар одиграа Вест Хем и Барнли кој му припадна на „Чеканите“ со 4:2.

Резултати:

Кардиф- Лестер 0:1

Евертон- Брајтон 3:1

Њукасл- Вотфорд 1:0

Вест Хем- Барнли 4:2