Лулиќ се спасува?

Како што пишуваат италијанските медиуми, Сенад Лулиќ би можел да добие поблага казна од таа што се очекуваше.

Лулиќ со расизам го навреди Рудигер кога рече дека пред 2 години продавал чорапи во Германија, а сега на потег е федерацијата.

Многумина велат дека одлуката ќе се донесе денеска, а Лулиќ ќе отсуствува две или најмалку три натпревари.

Неговата изјава ќе се смета како неспортска, а не расистичка.

Ако се случи така како што претпоставуваат во Италија, Лулиќ има многу среќа и на терените се враќа во почетокот на новата година.