Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола во оваа сезона не успеа на играчите да има ја пренесе својата фудбалска филозофија, па многу тактизираше и бараше решенија, а така беше и со напаѓачите.
Тој сериозно удри во мраз во првата сезона во Манчестер. Тие сега се борат за пласман во топ 4 и ништо повеќе од тоа. Титули нема додека ЛШ најверојатно ќе биде обезбедена со големи маки.
Па така може да се заклучи на основа на изјавата на Жесус, кој зад себе има тешка повреда, но се најде во тимот против Миделсброу заедно со Агуеро.
„Тука не постои стартер или резерва. Тој кој е подобар, тој ќе игра. Тоа е добро, тоа е одлука на тренерот. Се бориме за место во тимот.“
Долгата пауза остави трага на Жесус, на кој му требаше време да се врати на вистинскиот пат.
„Малку сум уморен, тоа е нормално. Тажен сум затоа што не играв како што знам, но по 3 месеци повреда, тоа е нормално. Ќе работам напорно од недела во недела. Никогаш не сум правел толку голема пауза. Го работам тоа што го сакам, сега морам да тренирам.“
Манчестер Сити се наоѓа на 4-то место во ПЛ, а до крајот на сезоната му останаа натпреварите со Кристал Палас, Лестер, ВБА и Вотфорд.