Манчестер Јунајтед нема да му го продолжи договорот на Ибра!

Јунајтед нема намера да го продолжи договорот со Ибра.

Ибра најверојатно ќе се најде на листата на фудбалери кои нема да добијат нов договор во Јунајтед.

Тој моментално е на рехабилитација од повреда на коленото која ја заработи во ¼-финале во ЛЕ против Андерлехт. Сепак, без оглед на тоа, тој побрзо се враќа од очекуваното, сепак најверојатно нема да може да заигра пред 2018-та година.

Неговото заминување од тимот ќе значи и ослободување на буџетот за наредната сезона.

Тие пари ќе бидат искористени да се донесе некоја добра замена за него.

Ибра во Јунајтед стигна минатото лето како слободен играч и постигна 28 голови на 46 натпревари.