Марио Балотели сепак во Серија A?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако му пропадна трансферот во Марсеј, Супер Марио ги согледува останатите опции, а една од нив е враќање во Италија.

Таму го сакаат неколку тимови, а најзаинтересирана е Парма. Повратникот во друштвото на најдобрите италијански тимови сака да има играчи кои имаат многу индивидуални квалитети, а сметаат дека Балотели за право решение.

Преговорите се во тек. Одлуката на крајот останува на Балолети, но секако во консултација со Мино Раилоа кој е негов менаџер.

Минатите две години 29 годишниот напаѓач играше во редовите на Ница, а во текот на кариерата го носеше дресот на Милан, Ливерпул, Манчестер Сити и Интер.