Марота потврди – Јувентус продаде играч кој ќе добие двојно поголема плата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега е официјално, Ернанеш заминува од Јувентус.

Како и претходно што беше најавено, Ернанеш ќе замине од Јувентус и ќе игра во Кина за Хебеи.

Ова пред натпреварот против Интер го потврди и Марота.

Тоа што е сега познато е дека Ернанеш ќе има двојно поголема плата отколку што имаше во Јувентус.

Јувентус веднаш ќе добие 9 милиони евра, а доколку се остварат и бонусите, тогаш Јуве ќе добие и дополнителни 2 милиони.

За Хебеи веќе играат Лавеци и Жервињо, кои претходно имаат играно во Серија А.