Мајсторија на Елмас за заокружување на првата победа во Евроквалификациите (Видео)

Репрезентацијата на Македонија ја забележа првата победа во првата средба од квалификациите за Европското првенство што ќе се одигра во 2020 откако со 3:1 славеше против аутсајдерот Летонија.

Нашите репрезентативци одиграа феноменално прво полувреме по кое имаа водство од 2:0. Стрелци на головите беа Џани Алиоски и Елиф Елмас.

Во второто полувреме избраниците на Ангеловски се опуштија, па пред крајот на средбата примија неочекуван гол од Исаевс.

Сепак, погодокот ги мотивираше, па нашите репрезентативци додадоа на гаста, а шлагот на тортата го стави Елиф Елмас со својот втор денешен погодок кој беше маестрален. Фудбалерот на Фенербахче со финта исфрли еден играч, а потоа со надворешна на одличен начин го матираше гостинскиот голман.

Со оваа победа Македонија ќе биде на првата позиција по првото коло во групата во која се уште и Полска, Австрија, Израел и Словенија.