„Меси за мене е најдобриот играч во светот“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Серхио Агуеро го избра најдобриот играч во светот. Тоа за него е Лионел Меси.

Агуеро смета дека тој треба да ја освои „Златната топка“ на 9-ти јануари. Конкуренти му се Кристијано Роналдо и Антоине Гризман.

„Тој е пред сите. Не го кажувам ова поради тоа што ми е пријател, туку поради тоа што тој е неверојатен. Може да направи некои работи кои никогаш ги немам видено.“

Да потсетиме, главен кандидат за оваа награда е Кристијано Роналдо.