„Ме лажеа, ја играв нивната игра и на крајот заминав бесплатно!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За односите со управата на Барселона, но и со Кристијано Роналдо.

Осум години. Збирка од дури 23 трофеи. Би се рекло дека Дани Алвес бил одличен во Барселона. Барем за спортските постигнувања. Веруваме и за односите во соблекувалната. Иако управата на Барселона за тоа време очигледно не била на иста бранова должина со него.

„Сакам да ме сакаат луѓето. Во спротивно ги напуштам. Тоа што заминав од Барселона бесплатно беше погодок. Три години се зборуваше за тоа како заминувам од тимот, а за тоа време управата ниту еднаш не ми го кажа тоа во лице. Ме лажеа и беа неблагодарни. Не ме почитуваа.“

Тоа беше една од причините поради кои тој се пресели во Јувентус.

„Единствена причина поради која во Барселона ми понудија нов договор е поради тоа што ФИФА им забрани да донесат нови играчи. Тогаш ја одиграв нивната игра, потпишав договор, но во него внесов клаузула дека можам да го напуштам клубот како слободен играч наредното лето.“

Тој ретко зборува за медиумите, но кога ќе се одлучи за тоа, тој не внимава многу и кажува многу работи.

„Се што се случуваше помеѓу Кристијано и мене беше поради шпекулации во медиумите. Кога луѓето би знаеле колку го почитувам Роналдо. Ако не бев доволно јасен, ќе повторам. Сите ми зборуваа дека е голем професионалец, но на теренот е поинаку.“

„На основа на тоа што го пишуваа испаѓа дека јас сум зборувал лошо за него. А не е така. Проблем е тоа што Роналдо веруваше во тие зборови. Тоа е причината поради која не ме поздрави на гала церемонијата во Цирих во 2015-та година.“