Милан го освои Супер Купот на Италија: СУПЕР ЏИЏИ херој во пенал серијата!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Фудбалерите на Милан го освоија Супер купот на Италија откако денес во Доха на пенали успеаа да го победат Јувентус.

Јуве одлично го отвори натпреварот и успеаа да стигнат во водство во 18-та минута. Голот го постигна Киелини по корнерот на Пјаниќ.

Потоа следуваше мирен дел од натпреварот се до 38-та минута кога Бонавентура го израмни резултатот.

Продолжението од натпреварот донесе добри шанси на двете страни. Прво во 57-та минута Ромањоли со глава ја погоди пречката, а потоа Кедира испрати добар удар, но Донарума одлично интервенираше.

До крајот на натпреварот Дибала имаше шанса за Јувентус, како и Бака за Милан, но резултатот остана 1:1, па натпреварот продолжи на пенали.

Прв шутираше Маркизио и погоди. Потоа Лападула промаши пенал за Милан. Следуваа по неколку прецизни удари, а на крајот Пашалиќ погоди за Милан и им ја донесе титулата.