Милан ќе пазарува на „Камп Ноу“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според медиумите, крилниот играч од лето најверојатно ќе игра за Милан.

Стигна во јануари во тимот, Делуфеу.

Шпанецот во Милан е на позајмица од Евертон, а по се изгледа дека ќе остане во тимот до нејзиниот крај затоа што Куман смета на него за наредната сезона.

Поради тоа, управата на Милан бара некој кој би можел да го замени наредната сезона, а изборот падна на фудбалерот на Барселона, Кристијан Тељо кој во моментов игра на позајмица во Фиорентина.

Тељо во Фиорентина стигна пред повеќе од една година, а претходно дојде на позајмица до крајот на сезоната, па ова лето тие ја продолжија соработката на уште една година.

Екипата на Фиорентина има можност за откуп од 5.5 милиони евра, но во Милан се надеваат дека може да го убедат Шпанецот да се пресели кај нив.