Мислење на Анчелоти, еве кои седум тимови можат до трофејот во ЛШ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карло Анчелоти смета дека седум тимови можат да стигнат до трофејот во Лигата на шампионите во оваа сезона.

Анчелоти во разговор за шпанска Марка истакна дека нема да има ништо против за повторно да седне на кормилото на Реал Мадрид со кој ја освои Лигата на шампионите.

„Морам да се заблагодарам на клубот што ме доведе и што ми даде шанса да го тренирам. Нормално дека ќе ги тренирам повторно, зошто да не?“, изјави Карло Анчелоти.

Зборуваше и за наводниот конфликт со Кристијано Роналдо, истакна дека тие двајца се пријатели.

„Пријателството некогаш продолжува после завршувањето на работата. Сега навистина можам да кажам дека сум пријател со Кристијано и уште со неколку од Реал“, рече Анчелоти.

„Еднаш му реков дека не игра утре, а тој мене ми одговори дека тоа е во ред, но и да се одмора тој секогаш ќе биде спремен. Работата е во тоа што тој никогаш не изгледа уморно“, истакна италијанскиот стручнак.

Зборуваше и за Баерн, за неговите шанси во ЛШ.

„Ги освоивме последните четири Бундеслиги, но мораме малку повеќе во ЛШ. Испаѓавме во полуфиналината во последните три пати“.

Ги истакна и кандидатите за победник во овогодинешната ЛШ.

„Постојат седум тимови кои можат да ја освојат ЛШ. Тоа се Атлетико, Реал и Барса, Јувентус, Манчестер Сити, ПСЖ и Баерн“, рече тој.