Мончи го договори првото засилување – Дали е ова доказ дека Рома повторно ќе биде моќна?

Рома започнува нова ера.

Рома се договори со Атланта за Френк Кеси за 30 милиони евра.

Според медиумите, двата клубови се договорија за трансфер на фудбалерот и тој од лето ќе стане нов член.

По овој избор, остана уште само Кеси да се договори за своите годишни примања, затоа што Рома му нуди 1.2 милиони евра, а тој сака 2 милиони.

Инаку, овој 20-годишен фудбалер веќе доби прекар дека е „новиот Туре“, а оваа сезона постигна 7 голови и 4 асистенции на 27 натпревари.

Да потсетиме, Кеси беше на мета на Јунајтед, Ливерпул, Челси и Арсенал, како и Интер и Јувентус во Италија, но изгледа дека Мончи ја искористи својата моќ во овие преговори.