„Морав да барам на интернет да видам кој игра во Ливерпул“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Енди Керол даде интересна изјава за медиумите.

Тој во јануари 2011 година, пред самиот крај на преодниот рок, премина од Њукасл во Ливерпул за 40 милиони евра.

Сепак, во Ливерпул никогаш не успеа да се прилагоди и тој беше еден од најлошите трансфери.

„Кога го напуштав Њукасл за да преминам во Ливерпул, бев во хеликоптер и барав на интернет да видам кој игра за Ливерпул и кои ќе ми бидам соиграчи.“

„Требаше да потпишам договор, но не знаев кои ќе ми бидат соиграчи. Знаев дека таму е Џерард, но тоа беше се.“

Да потсетиме, овој напаѓач игра за Вест Хем, а оваа сезона постигна 5 голови на 10 натпревари во ПЛ.