„Мојот сон е мртов!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Клаудио Раниери вчера доби отказ во Лестер на изненадување на спортската јавноста.

Управата на тимот му даде отказ на Раниери кој пред 9 месеци претходно направи голема сензација и ја освои титулата во Англија.

Лестер се наоѓа во резултатска криза, а првиот кој ја плати цената за тоа беше Раниери.

По скоро 24 часови од отказот се огласи и Италијанецот ој објави официјално соопштение.

„Мојот сон од вчера е мртов. Сакав да останам во Лестер по освојувањето ан титулата во Англија. Им се заблагодарувам на сите во клубот за тоа што го постигнавме, но најмногу им се заблагодарувам на навивачите.

„Ме примивте во срцето од првиот ден и навистина ме сакавте, а и јас ве сакав вас. Никој не може да ни го одземе тоа што заедно го направивме и се надевам дека на сето тоа ќе се сеќавате со насмевка еден ден. Тоа беше време на среќа и задоволство кое никогаш нема да го заборавам.