Мртва трка на спротивен начин – Милан, Интер и Фиорентина бегаат од Лига Европа


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ни Англичаните не се баш воодушевени од неа, но не се баш ни спремни да се срамотат со цел на себе да си обезбедат летен одмор.

Во Италија пак од Лига Европа бегаат како ѓавол од крст, па и медиумите на Апенините пишуваат за тоа како Милан, Интер и Фиорентина на себе си дозволија да им се потсмева цела Европа.

Но фудбал на највисоко ниво? Чист бизнис, а Лига Европа не е доволно примамлива. Барем не на клубовите кои се сметаат меѓу најбогатите и најголемите на Стариот континент. Сите тие силни инвеститори од блискиот или далечниот исток не се овде случајно.

Само на пример, Милан и Интер на 24 јули во Нанџинг (град во кој е седиштето на компанијата Сунинг, новиот сопственик на Нероаѕурите) ќе одиграат пријателско дерби кое ќе им донесе по 5 милиони евра!

И тоа не се, бидејчи кај навивачите од Далечниот исток ќе сакаат да купуваат дресови и сувенири, а новите кинески сопственици на миланските клубови ќе туркаат и други активности кои имаат за цел да бидат регуларни пред УЕФА правилата за финансискиот фер плеј па никој не може да предвиди колку италијанските клубови ќе заработат во ова лето.

Во секој случај многу повеќд од тие 5 милиони по клуб.

Ако ја изберат Лига Европа се би било кристално јасно.

УЕФА е транспарентна кога се такви работи во прашање, па само за оваа сезона одма се знае дека со пласман во групната фаза (под претпоставка дека Интер, Милан и Фиорентина би стигнеле до неа) плаќа 2.6 милиони евра, до место во шеснаесет финалето вреди 500 000 евра, во осмина финалето уште 750 000, во четвртфиналето дополнителни 1 милион, во полуфианлето 1.6, до финалето може да смета на околу 3.5 милиони во премии, а шампионот дури 6.5 милиони.

Се вкупно е максимум 13.250 000 евра, не сметајќи на бонуси за остварени резултати: 120 000 за реми во групната фаза, 360 000 за победа, 600 000 за прво место во групата…

Тука нормално и дел од колачот од ТВ права, кој е многу тешко да се пресмета. Но чисто на пример – Рома во воаа сезона со пласманот во осмина финалето на себе донесе профит од 4.500 000 евра.

Многу примамливо значи. Под еден на баш мал услув. Примамливо ако ги победиш сите. Во реален свет тоа баш и не е така, па и разбирлива е намерата на кинеските бизнисмени за до полесен начин да стигнат до пари.

Тој еден е пријателски, градско дерби во Нанџинг, три дена пред почетокот на квалификациите за Лига Европа, многу полесно.

Другата страна на меделот се резултатските шамари кои никако не го подигаат угледот на италијанските гиганти.

Интер баш се брука. Во последнтие седум кола освоија само два бода.

Ако не победат во недела против Сасуоло ќе собори негативен рекорд стар полни седум децении.

Во сезоната 1947/48 година е последен пат кога Интер одигра седум лигашки мечеви без победа…