Мурињо даде одговор на шпекулациите кои го поврзуваат Погба со заминување од Јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жозе Мурињо истакна дека очекува Пол Погба да остане во Манчестер Јунајтед, но појасни дека за тоа ќе донесе одлука самиот играч.

Мино Раиола веќе го понудил Погба на неколку европски гиганти, а во последно се споменува и негов евентуален трансфер во редовите на ПСЖ.

Сепак Мурињо на вчерашната прес конференција истакна: „Мислам дека ќе биде овде следната сезона. Тоа е моето чувство. Можам да ви гарантирам дека не сакам да замине. Можам да ви гарантирам дека клубот не сака да го продаде. Ќе ви гарантирам и дека се уште не не има контактирано никој за него, неговиот агент или некој друг клуб. Во овој момент, тој со сигурност останува.“