Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот тренер Жозе Мурињо откри како ги мотивирал своите играчи во реванш натпреварот во ЛШ помеѓу Интер и Барселона во 2010 година додека беше тренер на италијанскиот тим.
Да потсетиме, Интер на првиот натпревар на домашен терен славеше со 3:1, додека на Ноу Камп беа поразени со минимален резултат 1:0.
Интер во нападите на Барселона успеваше да се одбрани и успеа со десет играчи да ја сочува разликата и покрај минималниот пораз да се пласират во финале.
Мурињо, кој сега го предводи Манчестер Јунајтед, во интервју за Goal се присети на тие моменти кога по втор пат го освои елитното клупско натпреваруње.
“Тоа навистина беше еден од најважните натпревари на тие играчи.Од 20 или 25 минута реваншот го игравме со десет играчи. Моравме повеќе од 1 час да играме со играч помалку против Барселона. Мислам дека со својот говор ги припремив на тоа и го издржаа натпреварот. Тогаш им реков: Ако треба, одиме екстремно. Ајде да тоа и го направиме. Ако треба ќе умреме на теренот да влезиме во финале, да го направиме тоа за тимот. И тие тогаш го одиграа историскиот натпревар за паметење”, рече Мурињо.