„Му се заблагодарувам на тој горе!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Расел Вестбрук стигна до 41-от трипл-дабл во сезоната, со што се израмни со Робертсон.

Тој во натпреварот против Милвоки постигна 12 поени и по 13 скокови и асистенции за само 27 минути поминати на теренот.

„Бев во шок кога ми извикуваа МВП, МВП! Му благодарам на Бог што ми даде шанса да играм. Шанса да излезам на паркетот е нешто што никогаш нема да го земам здраво за готово. Благослов е да се направи вакво нешто.“

„Ги имаме најдобрите навивачи на светот, луѓето, соиграчите и тренерите. Му се заблагодарувам на тој горе. Сакам да се натпреварувам на високо ниво.“

Тој оваа сезона постигнува во просек по 31.6 поени, 10.7 скокови и 10.4 асистенции.