Нагелсман превзема екипа од Лондон!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англиските медиуми објавија дека 30-годишниот тренер на Хофенхајм, Џулијан Нагелсман на крајот на сезоната би можел да го превземе Челси.

Поради тоа што Антонио Конте не е во најдобри односи со клупското раководство, медиумите на Острвото пишуваат дека Италијанецот ќе го напушти Лондон, а негов наследник на тренерската позиција ќе биде Нагелсман.

Младиот тренер е во прв план на Челси, откако тие се обидоа да ги ангажираат Алегри и Енрике, но не успеаа.

Во конкуренција за потписот на Нагелсман е, исто така, екипата на Арсенал.