Надал нема да патува со својата селекција за Хрватска!

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал нема да настапува за својата селекција во првата група од Дејвис Купот против Хрватска.

Овој дуел на програма е следниот викенд во Осијек, но Надал учеството го откажа поради исцрпеноста после Австралијан Опен каде загуби во финалето од Федерер со 3:2.

„Надал навистина се умори изминатиот месец и потребно му е време да се одмори. Сигурен сум дека ќе биде со нас следната рунда“ – изјавија од селекцијата на Шпанија

На местото на Надал во тимот дојде Фелисиано Лопез.