Надал ќе се соочи со Циципас во финалето во Торонто

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во финалето на АТП турнирот кој се игра во Торонто.

Надал утрово играше натпревар во полуфиналето против рускиот тенисер Карен качанов и без поголеми проблеми успеа да слави со 2-0 во сетови (7-6 и 6-4) и така се пласираше во финалето.

Најдобриот тенисер во светот во моментов во првиот сет имаше голем отпор од својот противник Качанов, кој успеа да стигне до тај-брејк, но таму Надал беше подобар со 7-3.

Во вториот сет Надал повторно беше подобар од својот противник, па со 6-4 го освои сетот и стигна до финалето.

Во финалето на турнирот во Торонто, Надал ќе игра вечерва против грчката сензација Циципас.