Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Рома победија на Џузепе Меаца во натпревар од 26-то коло во Серија А, 1:3.
Наинголан во 12-та минута постигна фантастичен погодок за водство на римската волчица.
Во второто полувреме стрелецот на првиот погодок го постигна и вториот по кој го зголеми водството на гостите.
Девет минути пред крајот на натпреварот, Икарди намали на 1:2.
Муриљо направи прекршок во казнениот простор, а судијата досуди пенал за Рома. Диего Пероти беше прецизен од белата точка и ги постави конечните 1:3.