Нападот на Ливерпул следната сезона ќе биде страшен

Пјер Емерик Обамејанг се почесто се споменува со заминување од редовите на Борусија Дортмунд.

За него постои интерес од многу екипи ширум Европа, а како најсериозни во своите намери да го донесат Габонецот во своите редови се Челси и Ливерпул. Клубот предводен од Јирген Клоп се смета дека е фаворит за потписот на Обамејанг.

Доколку се реализираат ваквите најави Ливерпул ќе има пеколен напад со Мане и Салах на крилните позиции, Обамејанг во срцето на нападот, а веднаш зад нив би дејствувал Фирмино.