Наполи купува двајца играчи како замена за Жоргињо

Од Наполи се подготвени да ги искористат парите кои ќе ги добијат од продажбата на Жоргињо во Манчестер Сити за ангажман на Станислав Лоботка и Фабиан Руиз.

Според „Радио ЦРЦ“ Наполи ќе ја прифати понудата од 55 милиони фунти за Жоргињо и веднаш ќе ги вложи парите во нови играчи.

Главен приоритет е играчот на Селта Виго, Лоботка откако импресионираше во дебитантската сезона во шпанскиот клуб. Втората трансфер цел на Наполи ќе биде Фабиан Руиз кој има откупна клаузула од 32 милиони евра.