Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бројките покажуваат дека е скоро невозможно Јуве да го направи она што има намера, но ако некој може да ги промени работите, тоа е Кристијано Роналдо.
Јувентус се соочува со невозможна мисија. Барем така говорат бројките.
Бидејќи, откако Симеоне е на клупата во 476 натпревар, Атлетико примил три гола само на 11 натпревари или нешто повеќе од 2%.
„Јорганџиите“ ќе го бранат резултатот 2-0 од првиот натпревар, единственмо се плашат од Роналдо. Имено, од споменатите 11 натпревари во пет по три голови примиле од Реал кој го предводеше Португалецот, а има дадено и хет-трик во „Мадриљено“.
Тоа е најголема надеж на „Бјанконерите“, а и двата тима се незадоволни од судијата Бјорн Кајперс. Холанѓанецот неколку пати се обрука кога им судеше на Милан кој го водеше Алегри, а од другата страна Кајперс го судеше финалето во 2014. помеѓу Реал и Атлетико кога Симеоне имаше доста забелешки.
Шпанците кажуваат дека не е коректно главниот човек на УЕФА, Росети, поранешниот судија кој го наследи Колина, да одредува арбитар за меч, со обзир дека споменатиот Италијанец е роден во Торино, но Росети не е познат како пријател на Јувентус.
Во секој случај, Атлетико е поблизу до четвртфиналето, но Јувентус ќе направи се за да ја надокнади големата предност и да стигне до осумте најдобри тимови.