Не го забораваат во Милано: На денешен ден Пандев потпиша за Интер (Видео)

На денешен ден пред девет години нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев потпиша за тимот предводен од Жозе Мурињо, Интер.

Напаѓачот брзо се снајде во Милано и набрзо стана незаменлив во тимот предводен од Португалецот, а беше и еден од најважните играчи кои му помогнаа на Интер да стигне до трофејот во Лигата на шампионите.

Од Интер не го заборавија нашиот ас и со специјално видео се сетија на неговиот трансфер од 4 јануари 2010 година.

Целото видео погледнете го на следниот ЛИНК