„Не потпишав никаков договор!“

Денес во италијанските медиуми се појавија информации дека Лучијано Спалети од наредната сезона ќе го води Јувентус.

Сепак, тренерот на Рома денес ги отфрли овие шпекулации.

„Не потпишав никаков пред-договор со ниту еден тим. Немам што да држам во тајност, работите се јасни. Ако освојуваме трофеи, останувам, ако не освојуваме, заминувам.“

„Сметам дека оваа ситуација е кај сите. Ако нема резултати, реално е да се замине. Меѓутоа, тоа нас не треба да не вознемирува. Ние сакаме да го победиме Палермо, а за се останато ќе зборуваме подоцна.“

Рома во лошо расположение го дочекува тимот од Сицилија. Имаат 2 порази по ред и победа во овој натпревар им е императив.

Што се однесува до табелата, Рома е на 2-то место, но се наоѓаат под притисок на Наполи кој има 2 бодови помалку.