„Не сум задоволен од соиграчите во одбраната!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Петр Чех беше најверојатно најзаслужен што Арсенал не беше убедливо поразен од Тотенхем. Тотенхем победи со 2:0 со головите на Али и Кејн од пенал, а Чех смета дека одбранбените играчи требало да играат многу подобро.

Тој по овој пораз даде своја изјава.

„Кога го одбранив обидот на Ериксен, видов дека топката заминува од голот, па помислив дека некој ќе ја расчисти опасноста, а топката заврши во мрежата. Првиот гол беше решавачки, набрзо потоа им дозволивме и втор.“

„Мораме да победиме на сите натпревари до крајот и да се надеваме дека ќе прават грешки другите.“

Вториот гол Арсенал го прими од пенал, а интересно е тоа што Чех нема одбрането пенал во ПЛ од 2012 година.