Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот тренер Гвардиола изјави дека нема никогаш да се врати во Барселона.
Моменталниот тренер Енрике поминува низ тежок период, бидејќи Барселона не игра добро ниту во Примера, ниту во ЛШ каде што ќе испадне најверојатно во 1/8-финале.
Сепак, Гвардиола вели дека тој сигурно нема да го замени Енрике, ниту било кој друг нареден тренер на Барселона.
„Повеќе никогаш нема да се вратам да ја тренирам Барселона. Мојот период таму е завршен. Барселона е сеуште најдобар тим во светот. Секогаш е изненадување кога губат, затоа што се многу добри. Кога доминирате во светот, јасно е дека светот ќе очекува така да продолжите.“
Да потсетиме, Барселона ја водеше Гвардиола во период од 2008 до 2012 година, а потоа 3 години помина во Баерн.