Ниту Верати, ниту Хамес, завршена е лицитацијата за десетка на Интер – Во Фиренца стигна понуда која не се одбива


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Мета е најталентираниот офанзивец на апенините, Федерико Бернардески.

Многу имиња се поврзуваа со Интер, но нероазурите се решија и испратија понуда на адреса на Фиорентина, а таа изнесува 40 милиони евра за Бернардески.

Во последно време се поврзуваа имиња како Марко Верати и Хамес Родригез, но изгледа на Џузепе Меаца направија вистински потег и се насочија кон најталентираниот креативец на Апенините.

Бернардески оваа сезона игра одлично, постигна 13 погодоци на 34 натпревари во сите натпреварувања.