Новиот Хаџи имаше понуди од половина Европа, ги одби сите гиганти и ја избра Белгија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Разван Марин, големиот талент на романскиот фудбал е на чекор од потпис со Стандард Лиеж.

Имаше интерес од Јувентус, Наполи, ПСВ, Тотенхем, Рома, Ајакс и Зенит, но еден од најголемите таленти на романскиот фудбал најверојатно ќе се пресели во Белгија.

Разван Марин, 20-годишниот фудбалер на Виторул Константа, клубот кој изненадувачки е лидер во романската лига ја полуди фудбалската Европа со споредбите со еден од најголемите имиња на романскиот фудбал, Хаџи кој моментално е тренер во Виторул. Оваа сезона го надмина ланскиот учинок од четири погодоци, а доби повик во романската репрезентација за квалификациите на СП во Русија.

Изгледа неговиот агент одлучил дека за неговиот развој е најдобро да ја прифати понудата на Стандард кој за него понуди 2.4 милиони евра.