„Нови расистички навреди за Рудигер!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Дефанзивецот на Рома, Рудигер повторно доби расистички навреди од страна на навивачите на Лацио.

Барем така тврди директорот на Рома, Масара кој ги обвини навивачите на Лацио за навреди кон Рудигер.

„Рудигер беше нападнат со расистички навреди со кои мораше да игра. Срамно е тоа што слушна такви повици од трибините.“

Германскиот фудбалер и на минатото дерби беше во центар на скандалот околу расизам.

„До пред две години продаваше чорапи на пазар.“, се зборови на Лулиќ поради кои доби казна од 20 денови.

Сигурно дека ФС повторно ќе го истражи случајот за расистичките коментари.