Ново засилување за Јувентус: Стигнува нов дефанзивец


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Директорот на Јувентус, Марота денес најверојатно ќе заврши уште еден одличен трансфер.

Тој денес отпатува во Берграмо, каде ќе разговара со 22-годишниот дефанзивец, Матје Калдара.

Овој одличен фудбалер најверојатно ќе стане нов член на Јувентус, но ќе остане на позајмица во Аталанта до 2018-та година.

Јувентус за него ќе одвои 15 милиони евра, како и дополнителни 5 милиони за различни бонуси.

Калдара оваа сезона игра одлично во дресот на Аталанта. Одигра 11 натпревари и постигна 3 голови.