Нов гол на Несторовски за Палермо (Видео)

Македонскиот репрезентативец во дресот на Палермо, Илија Несторовски постигна нов гол за својот тим. Прилепчанецот беше прецизен на првенствениот натпревар против Лече кој Палермо го доби со 2:1.

Напаѓачот го отвори резултатот во 29. минута со одличен гол од дистанца. Вториот гол беше дело на Пушкаш, а асистент на истиот беше вториот македонски репрезентативец во Палермо, Александар Трајковски.

Со оваа победа Палермо се искачи на третата позиција во Серија Б, а ова беше вкупно четврти гол за Несторовски во дресот на клубот од Сицилија.