До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Габонецот Пјер Емерик Обамејанг откри за англиските медиуми како изгледал нивниот разговор со Михтарјан пред да премине во Арсенал.
Драмата за трансферот на Обамејанг во Лондон траеше цел јануарскиот преоден рок, а конечно е завршена во текот на последниот ден.
Многумина сметаат дека Михтарјан е еден од најзаслужните зошто Обамејанг е тука, а тоа го потврди и Габонецот.
„Многу сум среќен што повторно сум во ист клуб со Михтарјан. Тој навистина ми е како брат и многу добар пријател. Многу сум среќен што го гледам повторно. Ме повика неколку пати и ме праша дали сакам да дојдам, а јас му реков ако се преселиш ти, тогаш ќе дојдам и јас“, вели Обамејанг.









