Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо по 4-ти пат во својата кариера е избран за најдобар фудбалер во светот.
Роналдо зад себе има навистина неверојатна година во која освои ЛШ и ЕП. Тој во изјава за медиумите не криеше дека ова му е најдобра година во кариерата.
„Кога се ќе соберам и одземам во 2016, тоа е најдобра година во мојата кариера. Освоив ЛШ со Реал и конечно голема титула со Португалија. На крајот шлаг на тортата беше освојувањето на мојата 4-та Златна топка.“
Исто така, тој на крајот на годината го продолжи својот договор со Реал, па најави дека има намера да игра до 40 години.