Огромен трансфер: Валенсија договори големо засилување од ПСЖ

Шпанскиот гигант Валенсија, која сезонава повторно ќе игра во Лигата на шампиони, вчера договори уште еден трансфер.

Одличниот португалски напаѓач Гонсало Гуедеш официјално стана нивни член, а минатата сезона играше на позајмица кај нив.

Валенсија беше задоволна од неговите настапи, па го купија за 40 милиони евра од ПСЖ, кој и така немаше планови за својот играч.

Гуедеш потпиша договор со Валенсија до 2023. година и неговото останување во клубот ќе биде големо засилување за тимот.